Top Sport

Пенал драма на „Дал’Ара“ – Болоња и Џенова на крајот со реми

Болоња и Џенова одиграа интересно 2:2 реми на „Ренато Дал’Ара“ кое беше одлучено со два пенали во последните минути од натпреварот, и резултат кој двата тима не го посакуваа по лошиот старт на сезоната.

Шкотланѓанецот Арон Хики ги донесе Болоња во водство во 49. минута од мечот со убав удар од далечина, но Џенова успеа да израмни само шест минути подоцна со убавиот гол со глава на Матија Дестро.

Горан Пандев влезе во игра во 68. минута, но неговиот тим повторно беше во негатива во 85. минута, кога беше досуден пенал, а Марко Арнаутовиќ го постигна својот втор гол во дресот на Болоња. Кога се веруваше дека поените остануваат за тимот на Синиша Михајловиќ, беше досуден помалку контроверзен пенал за Џенова, кој капитенот Доменико Кришито сигурно го реализираше.

e>

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top