Top Sport

Пенал и сигурен Левандовски – Барса води на „Олд Трафорд“!

Барселона стигна до 1:0 водство на „Олд Трафорд“ во вториот меч од баражот во Лига Европа, откако Роберт Левандовски успеа да го совлада Давид де Хеа од белата тчка во 17. минута за голема предност на Каталонците. Дуелот на двата гиганти во ЛЕ продолжи по 2:2 трилерот на „Ноу Камп“.

Пеналот беше досуден откако Алехандро Балде падна во шестнаесетникот по невнимателниот потег на Бруно Фернандеш, за судијата Турпан без двоумење на покаже на белата точка.

Scroll to Top