Фудбалската репрезентација на Бтазил ќе го брани златото освоено пред пет години на домашен терен во Рио де Жанеиор. Бразилците, во првото полу-финале, по изведувањето на пенали, го победија Мексико со 4:1.
Полу-финалето, во регуларниот дел и продолженијата завршин без голови. Во 120 минути Бразилците беа покативни, а најдобрата шанса ја пропушти Ришарлисон. Напаѓачот на Евертон, во второто полувреме ја погоди стативата.
Бразилците без грешка ги шутираа пеналите, голови постигнаа Дани Алвес, Габриел Мартинели, Бруно Гимараеш и Рејнер. За Мексико непрецизни беа Едуардо Агире и Јохан Васкез.
Бразил за златото ќе се бори против победникот од дуелот Шпанија-Јапонија.