Top Sport

Пенал-рулетот среќен за Бразилците (Видео)

Домаќинот Бразил е првиот полу-финалист на Копа Америка 2019. Бразилците дури по изведувањето на пенали успеаја да го скршат Парагвај. Натпреварот во неговиот регуларен дел и по продолженијата заврши без голови.

Бразилците се намачија со жилавите Парагвајци, а не успеаја да ја искористат ниту предноста од играч повеќе. Парагвај од 59 минута играше без исклучениот Балбуена. Претходно судијата долго време ја консултираше ВАР-технологијата и го понипти пеналот кој беше досуден за Бразил.

Алисон Бекер во првата серија му го одбрани пеналот на Гомез. Потоа погодија Вилијан, Маркињос и Кутињо за Бразил,, а на спротивната страна прецизни беа Алмирон, Валдес и Рохас.

Во претпоследната серија Фирмино го промаши голот, а во петтата серија со иста мерка му врати Парагваецот Гонсалаес. Последниот пенал за Бразил го реализираше Габриел Жесус.

Бразил во полу-финалето ќе игра против Аргентина или Венецуела, овој меч се игра вечерва од 21 часот.

Scroll to Top