Top Sport

Пенал во 79.минута и Кардиф ги спасија Дерби каунти и Вејн Руни од испаѓање

Попладнево заврши сезоната во Чемпионшип дивизијата. Последното коло донесе драма во борбата за опстанок. Екипата на Вејн Руни, Дерби каунти, успеа да се спаси од испаѓање.

Дерби каунти, Ротерам и Шефилд венздеј се бореа за опстанок. На Дерби им беше потребен бод, а на Ротерам победа.

Дерби во директниот дуел со Шефилд венздеј, по два пресврти, успаја да извлечаѕт 3:3, со голот од пенал во 79.минута.

Ротерам, на гостувањето во Кардиф, го имаа опстанокот во своите раце се до 88.минута, кога примија гол за 1:1.

Во Лига 1 се преселија Шефилд венздеј, Вајкомб и Ротерам.

Во Премиер лигата се вратија Норич и Вотфорд, а за третото место ќе се игра плеј-оф, Брентфорд-Борнмут и Барнсли-Свонси.

Во полу-финалните мечеви ќе се играат по два натпреари, додека во финалето се игра еден меч на „Вембли“.

Scroll to Top