Top Sport

Хамилтон ја освои 100 пол-позиција во кариерата

Луис Хамилтон ја освои јубилејната 100 пол-позиција во кариерата. Британецот на вечната листа е далеку пред великаните Михаел Шумахер (68) и Аиртон Сена (65).

На патеката во Каталуња, во првиот круг од последната квалификациска сесија, Хамилтон го постави најдоброто време 1:16.741 минути. Неговиот голем конкурент, Макс Верстапен, трката ќе ја започне веднаш до него. Времето на Холанѓанецот беше за 36 илјадити делови од секундата послабо од резултатот на Британецот.

Блиску до водечките беше и Валтери Ботас, тој задоцни за 132 илјадити делови од секундата. Во вториот ред место избори Шарл Леклер од Ферари.

Изненадувањето го направи Естабан Окон, кој со својот Алпин избори пласман на петтото место. Во Топ 10 се пласираа Карлос Саинц, Даниел Рикардо, Серхио Перез, Ландо Норис и Фернандо Алонсо.

Scroll to Top