Парма го победи Наполи со 2:1 во 35 коло, во Серија А. На „Енио Тардини“, македонскиот репрезентативец Елиф Елмас играше за Наполи од 65 минута.
Иронично, дуелот на екипите кои заедно со Удинезе добија најмалку пенали го обележаа ударите од белата точка.
Првиот пенал за Парма го реализираше Капрари во четвртата минута од надополнувањето на времето во првото полувреме.
Од истата позиција израмни капитенот на Наполи Инсиње во 54 минута.
Конечниот резултат го постави Кулушевски во 87 минута. Македонецот кој игра за Шведска го реализираше пеналот кој самиот го избори.