Челси синоќа со 2-1 во Лондон го победи Сити во 31 коло од ПЛ и Ливерпул со 23 бода повеќе од Манчестер, на 7 кола до крајот и теоретски ја освои титулата.
Славјето во Ливерпул по последниот судиски свиреж почна, а менаџерот на Сити како голем џентлмен честиташе.
„Заслужено. Одиграа неверојатна сезона. Пред две сезони освоивме 100 бода и имавме 25 бода повеќе од нив. Лани не издржаа, но оваа сезона успеаја. Им честитам, а на нас ни останува од сезонава да извлечеме некои поуки и да се подобриме за идната сезона“ – изјави Пеп Гвардиола за „ББС радио 5“.