Top Sport

Ливерпул слави титула, Клоп со солзи во очите (видео)

Ливерпул цели 30 години чекаше титула во Премиерлигата. Градот на добар фудбал и добар рокенрол конечно дочека.
Од синоќа навивачите на „црвените“ можат да кажат – „Ние сме шампиони во ПЛ“.

По мечот меѓу Челси и Манчестер Сити, голем број навивачи на Ливерпул се собраа пред „Енфилд“ и со песни и бакљи ја прославија титулата.

Јирген Клоп, човекот кој е најзаслужен за препородот на тимот кој дојде во 2015-та со солзи во очите порача дека оваа титула е за сите екс-играчи кои толку долго ја чекаа.

„Немам зборови. Ова е неверојатно, многу повеќе од што мислам дека е можно. Да се биде шампион со овој клуб е неверојатно. Ова е за тебе Кени (Далглиш), за Стиви (Џерард), долго го чекавте овој момент“ – рече Клоп.

Scroll to Top