Интервјуто на менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, по дождливата 2:0 победа на Њукасл стана неочекуван хит на Интернет, откако шведскиот уредник на ТВ2 Спорт, Кристијан вон Стренг, на неговите одговори „налепи“ песна од Еминем.
Гвардиола, кој конечно го остави џемперчето кое го носеше последните сезони, на „Етихад“ се појави со јакна за дожд со качулка, и совршено му одговараше рапување. Видеото стана неочекуван хит на Интернет, и дури беше споделено од Гери Линекер.
— Gary Lineker (@GaryLineker) December 26, 2020