Top Sport

Пеп не сака да го прашуваат за неуспесите во ЛШ

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола знае дека неговото долгогодишно водење на Манчестер сити ќе биде оценувано според успехот во Лигата на шампиони, иако признава дека не му се допаѓаат таквите прашања и смета дека тоа не е единствениот репер за успех.

Гвардиола пристигна во Манчестер во 2016 по двете титули од ЛШ со Барселона и трите титули во низа од Бундеслигата со Баерн Минхен и имаше неверојатен успех во Премиерлигата, нешто што не се претвори во успех во ЛШ. Пред реваншот против РБ Лајпциг во осминафиналето, Гвардиола реагираше кога повторно беше прашан за важноста да се освои трофејот.

„Го знам тоа. Знам дека ќе ме ценат според Лигата на шампионите. Зошто? Бидејќи од првиот ден кога пристигнав, во првиот меч од ЛШ ме прашаа дали сум тука да ја освојам ЛШ. Прашав: ‘Што?’ Да бев менаџер на Реал Мадрид, што нема да се случи, ќе го разберев прашањето. Но, тука то не е возможно. Но, го прифаќам“, вели Гвардиола.

Scroll to Top