Top Sport

Пеп не штеди никого: Де Брујне мора да си го заработи местото

Пеп Гвардиола вели дека самиот Кевин де Брујне знае дека го очекува тешка задача и борба за да се врати во стартниот тим на Манчестер сити, бидејќи во клубот нема „гарантирани“ стартери.

30-годишниот Белгиец се врати во составот за неделниот 3:1 триумф над Вотфорд, но нема стартувано меч од победата над Манчестер јунајтед бидејќи беше позитивен на КОВИД-19 по настапите за белгиската репрезентација.

„Кевин играше цела сезона од стартот, пристигна по ЕУРО во тешка состојба и потоа доби коронавирус. Мора да се врати и да се бори за позицијата. Не мора да ми покажува мене ништо, тоа е само за него, да покаже дека знае да игра и дека е истиот кој беше последните пет-шест години. Мора да има конкурентост во тимот, и тоа го знае и тој, и Бернардо Силва и сите во тимот. Мора да го покажат тоа во 5 или 90 минути, не е важно“, вели Гвардиола пред мечот со РБ Лајпциг во Лигата на шампионите.

Сити имаат серија од 7 победи во сите натпреварувања и го имаат осигурано првото место во групата А во ЛШ пред Пари Сен-Жермен.

Scroll to Top