Top Sport

Рангник носи и спортски психолог во Манчестер јунајтед

Новиот (привремен) тренер на Манчестер јунајтед, Ралф Рангник продолжува да носи нови луѓе во клубот, откако во понеделникот се шпекулираше дека поранешниот тренер на Торонто ФЦ, Американецот Крис Армас ќе биде дел од неговиот тренерски тим по соработката во Њујорк ред булс, а со него во клубот ќе дојде и спортскиот психолог, Саша Ленсе, со кого работеше во РБ Лајпциг.

Според „Атлетик“, Рангник ќе го донесе Ленсе како дел од тренерскиот тим, а не од медицинскиот тим, и иако веќе се сретнал со фудбалерите на Јунајтед, не почнал со работа бидејќи нема добиено работна виза.

46-годишниот Ленсе во минатото беше тренер на У-17 репрезентацијата на Германија, но најпознат е со работата како спортски психолог во повеќе германски клубови – Динамо Дрезден, РБ Лајпциг и Шалке.

Армас, пак, доби отказ од МЛС клубот во јули по шест месеци на чело на тимот, и ќе биде замена за Мајкл Керик, кој замина од клубот.

Scroll to Top