Top Sport

Пеп признава: Не знам дали Бернардо Силва ќе остане во Сити

Пеп Гвардиола признава дека може да остане без еден од неговите клучни играчи до крајот на летниот преоден рок, по желбата на Бернардо Силва да го комплетира трансферот во Барселона.

Каталонскиот клуб не го крие интересот за Португалецот, и иако Гвардиола вели дека не сака да го загуби својот фудбалер од средниот ред, додава дека сака да заддржи во клубот само „среќни играчи“.

„Желбата на фудбалерот е најважната работа. Сакам моите фудбалери да се среќни. Секако, сакам Бернардо да биде тука за мене, но не знам што ќе се случи, навистина. На крајот што и да се случи ќе го прифатиме бидејќи тоа е фудбалот и јас нема да бидам човекот кој ќе ги сопре желбите на луѓето. Кога си фудбалер, кариерата е многу кратка“, вели Гвардиола пред отварањето на сезоната против Вест хем.

Scroll to Top