Top Sport

Мекларен веќе му соопштиле на Рикардо дек ќе го заменат со Пјастри

Мекларен веќе му соопштиле на својот австралиски возач, Даниел Рикардо дека следната сезона ќе биде заменет со неговиот помлад сонародник, Оскар Пјастри, јавуваат повеќе специјализирани Ф1 извори.

Оваа вест доаѓа по бурната недела во летниот „пазар“ на возачи, која започна по веста дека Фернандо Алонсо ќе го замени Себастијан Фетел (кој заминува во пензија) во Астон Мартин. Следниот ден Алпин објавија дека нивниот возач од академијата Пјастри ќе го земе местото на Алонсо покрај Естебен Окон, но веднаш потоа 21-годишниот Австралиец објви дека нема да вози за францускиот тим следната сезона.

Шпекулациите велеа дека Пјастри чека место во Мекларен, и според „Аутоспорт“, тоа ќе се реализира откако британскиот тим му соопштил на Рикардо дека ќе биде заменет следната сезона и Пјастри ќе му биде колега на Лендо Норис.

Scroll to Top