Top Sport

Клоп: Да не го пуштам Салах да игра е криминален чин!

Јирген Клоп ја отфрли идејата да го одмори Мохамед Салах за мечот со Брајтон овој викенд, велејќи дека би направил „криминал“ доколку го стори тоа.

Салах е најдобриот стрелец во Премиерлигата со 10 гола во 9 меча, вклучувајќи го историскиот хет-трик против Манчестер јунајтед минатиот викенд, и ќе биде клучниот играч на Клоп против Брајтон на „Енфилд“ во обид да ја продолжат серијата без пораз, која трае 22 меча во сите натпреварувања.

„Да ги одморам играчите, вклучувајќи го Салах против Брајтон? Тоа би било криминално. Брајтон се многу добар тим, имаат одличен старт на сезоната. Погледнете го мечот со Манчестер сити и ќе сфатите што зборувам. Мо сака да игра секоја минута, сите мои играчи го сакаат тоа. Кога ќе ги оставам на клупата, не сакаат да одмараат“, вели Клоп.

Scroll to Top