Top Sport

Пеп сонува да е селектор, само не на Шпанија

Најголемата амбиција на Пеп Гвардиола е да биде селектор на врвна репрезентација, вели неговиот брат, Пере Гвардиола.

Гвардиола својата блескава тренерска кариера ја направи во клупскиот фудбал, прво преку Барселона, а потоа и во Баерн Минхен и во Манчестер сити. 49-годишниот Пеп го направи Сити застрашувачки силен клуб, и иако засега иднината му е таму, неговиот брат Пере вели дека нема да остане вечно.

Тешко е да се верува дека ќе стане селектор на Шпанија поради својот јасен став за независноста на Каталонија, и самиот Пеп неодамна изјави дека е „тешко веројатно“ дека ќе му понудат таква работа. Но, ако му ја дадат бразилската репрезентација на пример, тој не би одбил.

„Бразил освоил сè со бразилски тренери. Мислам дека имате доволно добри тренери и не морате да имате странци. Но, Пеп сонува да биде селектор на силен национален тим, но ќе видиме што ќе се случи. Засега е среќен во Манчестер“, вели Пере Гвардиола во интервју за бразилскиот „Глобо еспорте“.

Договорот на Гвардиола со Сити завршува во 2021 година.

Scroll to Top