Top Sport

ЕСПН: НБА се враќа со 22 екипи и осум кола од регуларната сезона

Бордот на директори на НБА лигата планира да го одобри предлогот за враќањето на лигата со 22 екипи и осум кола од регуларната сезона и со сите мечеви во Орландо, Флорида, тврди „ЕСПН“. За предлогот ќе се гласа утре.

Комесарот на лигата, Адам Силвер и финансискиот комитет на лигата го споделиле планот со тимовите за играње на Дизниворлд на Флорида, со 13 тимови од Западната конференција и 9 од Источната конференција, осум меча од регуларната сезона, плеј-ин турнир за осмиот носител и плејоф.

На топ 16 тимовите на Истокот и Западот ќе им се приклучат тимовите кои се на шест победи од осмото место во двете конференции: Њу Орлеанс, Портланд, Сан Антонио, Сакраменто, Феникс и Вашингтон.

Плеј-ин турнирот ќе ги вклучува осмиот и деветтиот тим по конференции, ако деветтиот носител ја заврши регуларната сезона на четири меча до осмиот. Тимовите е ќе почнат со тренинзи во своите арени во јуни, пред во јули да се преселат на тренинг-камповите во Орландо.

Scroll to Top