Top Sport

Пеп уште не зборувал со лутиот Де Бројне: Знае каде да ме најде!

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола вели дека не разговарал со Кевин де Бројне, по шпекулациите дека фудбалерот од средниот ред бил незадоволен откако беше заменет во мечот од Карабао купот против Бартон.

Белгиската ѕвезда луто замина во тунелот на фудбалерите, откако беше изваден од игра во второто полувреме при убедливата 9:0 победа, но Гвардиола вели дека не знае дали тој е лут.

„Не зборував со него, така што не знам што мисли. Ако има проблем, знае каде може да ме најде“, изјави Гвардиола пред денешниот меч против Вулверхемптон.

Де Бројне го постигна првиот гол против Бартон, пред да биде заменет со Фил Фоден по еден час игра. Според правилата во англискиот шампион , фудбалерите кога ќе бидат заменети мораат да го гледаат мечот од клупата освен ако се повредени, но Де Бројне си замина.

Ова беше само четврти старт на Дер Бројне од стартот на сезоната откако доби повреда на лигаментите во колената.

Фото: ЕПА

Scroll to Top