Top Sport

Ѕвездите на ПСЖ „избегаа“ на плажите во Катар (галерија)

Фудбалерите на Пари Сен-Жермен се на четиридневен зимски тренинг камп во Катар, каде што искористија шанса да „фатат“ сонце по „бегањето“ од европската зима.

Лига 1 шампионот е во сопственост на компанијата „Катар спортс инвестментс“, така што не чуди што секоја година добиваат шанса да престојуваат во Катар за тренинг и за спонзорски обврски.

Нејмар го искористи ова најдобро, постирајќи фотографија на Инстаграм на плажа покрај синото море. Уште еден Бразилец, Тијаго Силва, се пофали со фото со него, Нејмар, Џиџи Буфон и Анхел ди Марија на силното сонце.

Сепак, тие имаа и обврски – Килијан Мбапе и Единсон Кавани оддржаа прес-конференции, а за во среда е закажан отворен тренинг на стадионот Калифа во Доха, еден од стадионите на кои ќе се оддржува Светското првенство во 2022 година.

Scroll to Top