Top Sport

Пеп во негов стил по 4:0 победата: Воопшто не бевме добри!

Манчестер сити поставија рекорд по бројот на победите во Премиерлигата, забележувајќи ја 34. победа во календарската 2021 година со 0:4 триумфот на гости кај Њукасл, но тоа не го задоволува Пеп Гвардиола, кој ги критикуваше своите играчи за „слабата“ игра.

Победата која ги донесе на три поени пред Ливерпул и веќе шест пред Челси не го импресионираше Гвардиола, кој лови четврта лигашка титула во пет години.

„Резултатот беше исклучителен, но играта воопшто не беше добра, посебно во првото полувреме. Мислам дека тоа ни е едно од најслабите полувремиња оваа сезона. Квалитетот на играчите на крајот ја направи разликата, но ова дефинитивно не е начинот на кој сакаме да играме. Овојпат ги промашивме едноставните работи, а бевме ефикасни кога беше компликувано. Рекордот е добар, но свесен сум дека можеме многу подобро. Работиме на тоа“, вели Гвардиола.

Scroll to Top