Top Sport

Тухел лут откако мечот не беше одложен: Премиерлигата игра опасна игра

Томас Тухел вели дека е задоволен од играта на неговите Челси и покрај 0:0 ремито кај Вулверхемптон, но смета дека Премиерлигата го ризикуваше здравјето и безбедноста со наредбата мечот да се одигра.

Челси денеска побараа мечот да биде одложен откако во саботата навечер Жоржињо беше позитивен, откако претходно во изолација поради позитивен тест беа и Ромелу Лукаку, Тимо Вернер и Калам Хадсон-Одои. Премиерлигата го одби ова барање, и Тухел го стартуваше мечот со само шест замени, од кои двајца беа голмани.

„Влијанието на заразата беше огромно, бидејќи одеднаш Жоржињо имаше позитивен тест, а знаејќи дека седевме заедно во автобусот, тоа беше причина за грижа. Потоа денеска во 8.30 часот на утро имавме уште тестови, во кои фудбалерите веќе немаат голема доверба, бидејќи последните три позитивни случаи беа негативни на првиот тест. Нормално, не беа 100 отсто фокусирани на работата. За нас имавме чувство дека не сме безбедни. Која е шансата да сопре пандемијата кога бевме заедно со позитивните фудбалери, на состаноци, на вечери и тренинзи. Ќе видиме, но ова е опасна игра“, вели Тухел.

Scroll to Top