Top Sport

Пеп во одбрана на Халанд по критиките дека бил „загубен“ против Ливерпул

Пеп Гвардиола е сигурен дека Ерлинг Халанд ќе ја покаже својата класа за Манчестер сити откако едно од најголемите засилувања во летниот преоден рок вчера беше во сенка на Дарвин Нуњез од Ливерпул при 3:1 поразот во Комјунити шил натпреварот.

Статистиката вели дека младиот Норвежанец имал само 14 допири на топката во 90 минути, а најмногу „падна во очи“ промашувањето во последните минути од мечот. Од другата страна Нуњез, постигна еден гол и имше асистенција во 31 минута игра за Ливерпул. Пеп не е загрижен.

„Тој имаше две-три шанси во првото полувреме и една на крајот. Се бореше, се движеше добро и мислам дека е добро да ја види реалноста на новата лига. Да, не постигна гол, но ќе има уште мечеви. Има огромен квалитет и желба за докажување, така што ќе ни помогне многу“, вели Гвардиола.

Промашувањето во финишот на мечот, кога од пет-шест метри ја погоди пречката, донесе саркастични извици од навивачите на Ливерпул и многу критики на социјалните мрежи. Дури и поранешниот играч на Ливерпул, Џејми Карагер изјави дека се работи за „кловнови кои не знаат ништо за фудбалот“.

„Компилациите со Халанд ќе бидат секаде оваа недела по тоа промашување, исто како што беа тие на Нуњез минатата недела. Од кловнови кои никогаш не шутнале топка во животот“, напиша Карагер на Твитер.

Scroll to Top