Top Sport

Пеп за Биелса: Toj e единствен во светот на фудбалот!

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола истакна дека му се водушевува на својот колега Марсело Биелса кој е на клупата на Лидс. Биелса успеа по пауза од 16 години да го врати тимот на Лидс во Премиерлигата.

Гвардиола смета дека елитното англиско натпреварување сега ќе биде уште подобро.

„Направи сјајна работа. Минатата сезона играа одлично, но не успеаја да се пласираат во ПЛ. Покажаа дека се силни и дека имаат карактер и оваа година успеаја“ смета Шпанецот.

Гвардиола вели дека никогаш не бил под водство на Биелса.

„Не сум играч за него кога бев играч, па ми е тешко да зборувам за него како тренер, но сум слушнал илјадници играчи како зборуваат за него. Среќен сум што сум имал можност да разговарам со него. Тој е единствен во светот на фудбалот поради специфичниот стил на игра. Тој е автентичен тренер, никој не игра како тој. Многу работи сум научил, тој е неверојатна личност“ рече Гвардиола.

Scroll to Top