Португалскиот ветеран, Пепе, ќе го пропуши старто на квалификациите за пласман на Светското првенство во Катар.
Репрезентацијата на Португалија, во наредните седум дена ќе игра против Азербејџан (24.март), Србија (27.март) и Луксембург (31.март).
37-годишниот Пепе, се повредил во саботата, на натпреварот Портимоненсе-Порто (1:2).
Селекторот на Португалија, Фернандо Сантош, го повика во националниот тим Луис Нето. Покрај Пепе, Португалците на овие три натпревари ќе бидат и без првиот голман Руи Патрисио.