Николас Пепе, е најголемото разочарување во историјата на Арсена. Фудбалерот со чии трансфер „топџиите“ го урнаа клупскиот рекорд, се подготвува да го напушти тимот.
Арсенал пред три години, за репрезентативецот на Брегот на Слоновата коска, на Лил му плати 80.000.000 евра. Не ги исполни очекувањата, дури не успеа да избори место во почетната постава кај микел Артета.
Според медиумите, Пепе кариерата ќе ја продолжи во Ница. „Goal.com“, тврди дека клубовите се блиску до конечен договор. На Азурниот брег, Пепе ќе настапува како позајмен играч. Овој извор не открива дали Ница ќе има можност да и по која цена да го откупи договорот на крилниот напаѓач.