Top Sport

Пепе најстар играч „во поле“

Капитенот на Порто, Пепе, на денот на натпреварот против Арсенал имаше 40 години и 360 дена.

Во Лигата на шампионите повозрасни биле само голманите Марк Шварцер (41 година 206 дена), Александар Шовковски (41-255), Џанлуиџи Буфон (42-315) и Марко Балота (43-252), па затоа Пепе се води како најстар играч „во поле“.

Порто го победи Арсенал со 1:0, со голот на Галено во 94.минута, во првиот осминафинален натпревар во Лигата на шампионите. Реваншот во Лондон ќе се одигра на 12 март.

Scroll to Top