Top Sport

Пепе: Пред мене Реал Мадрид беше „гробишта“ за бековите

Дефанзивецот на Порто, Пепе тврди дека Реал Мадрид бил „гробишта за бековите“ пред неговото доаѓање на „Сантијаго Бернабеу“ и сега смета дека неговиот соиграч Едер Милисао ќе биде негов достоен наследник.

Пепе, кој е роден во Бразил, направи трансфер од 30 милиони евра во Реал Мадрид во 2007 година, и помина 10 години на „Бернабеу“ правејќи над 300 настапи и освојувајќи три титули од Ла лига и три од Лигата на шампионите. Тој пополни проблематична позиција во Реал, каде што пред него „пропаднаа“ многу бекови и смета дека подготовката во Порто му помогнала.

„Порто го подобрува секој фудбалер поради високите стандарди и барања од клубот. Тие ме подготвија навистина добро и тоа го забележија во Шпанија, бидејќи пред да заминам во Реал Мадрид, клубот беше познат како гробишта за централните бекови. Фанатастични фудбалери не успеаја пред мене“, вели Пепе.

Тој сега повторно е во Порто и вели дека соиграчот Милисао, кој се согласи на трансфер од 50 милиони евра во Реал ќе биде негов достоен наследник.

„Фудбалот ми даде сè во животот, многу пријатели и шанса да ги остварам соништата. Враќањето во Порто беше мојот сон. Нашиот клуб секогаш имал добри дефанзивци, кои можеле да играат во Реал Мадрид бидејќи се квалитетни. Милисао беше купен од Реал, нели?“, вели Пепе.

Scroll to Top