Top Sport

Најсреќниот пенал во историјата доаѓа од Мексико (видео)

Досега многу пати сме поставувале видеа со неверојатни пенали – од утки, до спектакуларно изведени. Но, досега „најсреќниот“ пенал во историјата доаѓа од младинските лиги во Мексико.

Во мечот на У-17 тимовите на Чивас и Лобос БУАП, Диего Кампилјо го изведуваше првиот пенал од пенал-серијата и изгледаше дека тој направи неверојатна утка кога ја „заби“ топката во пречката, но, по некое време, топката едноставно влезе во мрежата.

ЕСПН го нарече обидот „најневеројатниот пенал во фудбалската историја“ и не се далеку од вистината.

Scroll to Top