Top Sport

Пепе до Роналдо: Дојди си во Бешикташ

Поранешниот дефанзивец на Реал Мадрид, Пепе го повика неговиот поранешен колега Кристијано Роналдо да дојде и да потпише во еден од најсилните турски тимови, Бешикташ.

34-годишниот Португалец си замина од „Сантијаго Бернабеу“ минатото лето по една деценија во клубот, период во кој освои три титули од Ла лига, три титули од Лигата на шампиони и две од Копа дел Реј. Роналдо беше покрај него осум сезони.

„Ако можам да избирам и ако тоа е можно, секако дека би сакал Кристијано да дојде тука. Тој е човек кого максимално го почитувам. Надвор од теренот Кристијано е нормална личност, а луѓето кои зборуваат глупости не го понаваат. Тој покажа дека е добар татко и гледате дека секогаш има време за неговите синови“, изјави Пепе во интервју за „Си-ен-ен“.

Неодамна Пепе предизвика мала „бура“ во Шпанија, откако изјави дека фановите на Бешикташ и на Реал Мадрид не можат да се споредуваат. Тој сега додава дека имал доста понуди од други европски тимови пред да се реши за Бешикташ.

„Можев да одам во некој од големите европски клубови. Но, Бешикташ ми дадоа проект кој ми го привлече вниманието. Луѓето почнаа да праќаат пораки на социјалните медиуми, до мене, до мојата сопруга. Не можев да останам нем на таа љубов. Поминав многу време во Шпанија и Португалија, но вакво нешто не сум искусил. Турците живеат фудбал“, додава Пепе.

Пепе: Навивачите на Бешикташ и Реал не се споредуваат

Scroll to Top