Top Sport

Пет фудбалери уапсени за „местење“ во Тајланд

Претседателот на Фудбалската федерација на Тајланд, Сомјот Пумпанмуанг потврди дека пет фудбалери и две официјални лица се меѓу 12-те уапсени во Бангкок за наводно местење мечеви.

Четири фудбалери на Нејви клуб и еден на Након Ратчасима добиле 200.000 бахти (околу 6.000 долари) за да манипулираат со исходите на натпреварите.

„Местењето мечеви не е нешто ново за нас, но време е да го искорениме ова зло од нашиот фудбал“, изјави Пумпанмуанг.

Според полицијата, местењето се вршело преку мрежа во која учествувале играчи, судии, официјални лица и обложувалници. Доколку бидат осудени, фудбалерите ги чека затвор од 10 години.

Scroll to Top