Top Sport

Пепе се соочува со суспензија од два месеци до две години

Капитенот на Порто се соочува со суспензија од два месеци до две години, поради насилничко однесување, објавија португалските медиуми.

Инцидентот се случил минатиот петок, на натпреварот Порто-Спортинг (2:2). Дербито обилуваше со инциденти откако судијата означи крај. Во тој периофд главниот судија покажа пет црвени картон, еден доби Пепе.

Ветеранот го нападна спортскиот директор на Спортинг, Хиго Виана. Според медиумите со поголема казна се соочува поради инцидентот, кога се обидел да сокрие куршум фрлен од трибината на која се наоѓаа навивачите на Порто.

Неговата реакција ја забележа играчот на Спортинг, Рикардо Есгаио, кој го пријавил кај судијата. На крајот куршумот, главниот судија му го предал на делегатот, кој го нотирал инцидентот.

 

Scroll to Top