Флорентино Перез се надева дека сагата со Килијан Мбапе, која трае две години, наредното лето ќе има среќен крај и дека францускиот репрезентативец како слободен играч ќе потпише договор со Реал Мадрид.
Перез, сепак, научи дека кога се работи за Мабпе парите имаат клучна улога. Доколку напаѓачот се премисли, што веќе го направи минатото лето, претседателот на Реал има подготвено „план Б“.
Шпнаците тврдат дека на радарот на Реал се наоѓа 20.годишникот од Баерн Минхен, Џамал Мусиала.
Мусиала има договор со Баерн до летото 2026 година, а доколку Реал сериозно тргне по него, тогаш ќе треба да плати повеќе од 110 милиони евра колку што е моменталната цена на овој млад играч за врска.
Конкурент на Реал може да му биде Манчестер сити. Пеп Гвардиола исто така се распрашува за Мусиала, смета дека тој би бил идеална замена за Кевин де Брујне.
🚨 Real Madrid will chase Bayern Munich’s Jamal Musiala if they are unable to sign Kylian Mbappé from PSG.
(Source: ESPN) pic.twitter.com/TffcQJvW2h
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) November 5, 2023