Top Sport

Перез: Кога не е досадно да се гледа Надал-Ѓоковиќ, зошто би било досадно да се гледа Реал и Ливерпул?

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез не се откажува од идејата за Европска Суперлига, споменувајќи ја при обраќањето на генералното собрание на „кралскиот“ клуб, правејќи споредба со тенисот.

Суперлигата беше објавена во април 2021, кога 12 елитни клубови од Европа најавија формирање на паралелна лига на Лигата на шампионите, но по притисокот од јавноста и од навивачите, само Реал, Барселона и Јувентус уште се немаат откажано од проектот. Перез вели дека со такво натпреварување ќе се оди само напред.

„Фудбалот е болен. Младите луѓе губаат интерес, а ние ја губиме глоблната битка. Ако УЕФА беше на чело на светскиот тенис, ќе гледавме само два-три меча помеѓу Рафа Надал и Роџер Федерер. Надал и Ѓоковиќ играа 59 пати, дали е тоа здодевно? Реал Мадрид и Ливерпул, на пример, имаат играно само 9 пати во 67 години. Која е поентата да не се дадат мечевите кои ги посакуваат навивачите“, вели Перез.

Scroll to Top