Top Sport

Ѓоковиќ одби да зборува за својата религија: Тоа навлегува во приватноста

Освојувачот на 20 гренд слем титули, Новак Ѓоковиќ пред финалето на турнирот во Тел Авив, Израел, одби да зборува за својата вероиспеовед, велејќи дека се работи за лична работа.

„Се надевам дека ќе ме разберете дека не сакам да зборувам многу за тоа, бидејќи тоа навлегува во приватниот живот. Но, јас сум израснат како православен христијанин, но тоа не ме ограничува. Се сметам како личност со отворен ум и срце, некој кој ги почитува сите религии и знаења кои луѓето ги имаат во сите делови од светот. Така можам да бидам само побогат јас и моето семејство“, вели Ѓоковиќ.

Scroll to Top