Top Sport

Перез: Не го купивме Халанд, бидејќи ќе седеше на клупа

Иако останува огорчен по одбивањето на Килијан Мбапе да дојде во Реал Мадрид, претседателот на „кралевите“, Флорентино Перез вели дека не се решиле да дадат понуда за Ерлинг Халанд, бидејќи фантастичниот норвешки напаѓач само би седел на клупата покрај Карим Бензема во тимот.

Халанд потпиша за Манчестер сити во договор кој вредеше „само“ 51 милиони фунти, откако англискиот шампион ја активираше клаузулата во неговиот договор со Борусија Дортмунд. И покрај фантастичната форма во која играше 21-годишниот Норвежанец, Перез смета дека тој не би се вклопил во тимот на Реал.

„Ја имаме најдобрата ‘деветка’ на светот и немаше да го донесеме Халанд само да седи на клупата. Дали има клаузула во договорот со Сити? Не знам. Сега најважно е да формираме нов тим со нашите млади фудбалери и со некои засилувања“, изјави Перез.

Scroll to Top