Top Sport

Перез открил каква СМС порака добива редовно од газдата на Тотенхем

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез открил неколку интересни работи гостувајќи во емисија на радиото „Кадена“.

Перез објаснил зошто Реал не сака да го купи напаѓачот на Тотенхем Хари Кејн, а потоа открил каква СМС порака со необична содржина редовно му испраќа ексцентричниот сопственик на Тотенхем, Даниел Леви.

Тотенхем пред пет години по неколкумесечни преговри се согласи да му го продаде на Реал Лука Модриќ, а една година подоцна во Мадрид пристигна и Герет Бејл за 100 милиони евра, што тогаш преставуваше светски рекорд.

Реал скапо ги плати своите ѕвезди, а Леви не заборава да го потсети Перез какви ѕвезди му продал.

„Секогаш кога ќе освоиме европска титула Даниел Леви ми испраќа иста порака. ’Честитки за титулата која ја освои со мои играчи“, открил Перез.

Scroll to Top