Карло Анчелоти за неполни две години по враќањето на клупата на Реал Мадрид ги освои сите можни титули, комплетирајќи ја колекцијата вчера со триумф во Копа дел реј по триумфот против Осасуна.
И покрај тоа што пред неговото пристигнување многумина беа скептични во квалитетите на италијанскиот тренер, тој покажа зошто е еден од најдобрите на светот, по што почнаа големиот број на шпекулации за неговата следна работа. Најсериозна врска беше таа со бразилската репрезентација, која е во потрага по нов селектор по неуспехот на Светското првенство во Катар и заминувањето на Тите.
Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез беше јасен околу плановите за Анчелоти.
„Не сакам ниту да слушнам за тоа. Имаме уште една година од договорот со него, и презадоволен сум од работата на Анчелоти“, изјави Перез.
И Анчелоти кратко се обиде да ги демантира сите шпекулации: „Мојата иднина? Кажав многу пати оваа година, имам договор до 2024“.