Top Sport

Перез: За да излезат од Суперлигата мора да платат, не се откажуваме од проектот

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, доцна синоќа, гостувал на радиото Кадена СЕР. Перез, говорел на актуелната тема, европската Суперлига, проект кој предизвика земјотрес во фудбалскиот свет. Откако 12 клубови (Реал, Барселона, Атлетико, Интер, Милан, Јуветус, Арсенал, Челси, Тотенхем, Манчестер јунајтед, Манчестер сити, Ливерпул), под притисок на УЕФА, јавноста, навиваччите и Владите на државите, одметниците се откажаа од проектот. Дали навистина се откажале или проектот е ставен во мирување, ќе покаже времето.

„Тажен сум. Три години работиме на проектот. Ла Лига е недопирлива, но форматото на Лигата на шампиони не е добра, интересен е само од четврт-финалето. Минатата сезона овие 12 клубови изгубија 650 милиони евра, што покажува дека форматот не е добра. Можете да добиете повеќе пари таму каде што големите не губат пари поради солидарноста со другите. Долго работевме на овој проект, но моежби не ја претставивме добро идејата“.

За клубовите кои се откажаа од европската Суперлига?

„Никој не се откажал во овој момент, бидејќи никој не платил пенали за да излезе од лигата. Имаше клубови кои не беа заинтересирани, но кои потпишаа обврзувачки договори. Колкави пенали треба да платат? Тоа нема да во откријам.

Новиот формат на ЛШ од 2024 година?

„Не можеме да чекаме уште четири години. Мораме сега да го направиме тоа. Парите доаѓаат од натпреварување во кое има јаки натпревари. Мораме да договараме мечеви меѓу силни противници, како кога во тенисот играат Надал и Федерер.

УЕФА?

„Не се плашам од одмазда. Без загрижен кога претседателот на УЕФА говореше за финансискиот фер-плеј. Тоа не звучи добро. Правилата мора да бидат фиксни, а не да бидат флексибилни. Не убија со својата агресија. Не чекаа. Кога ќе се соочат со реалноста ќе видиме што ќе се случи. Клубовите ќе изгубат повеќе од две милијарди евра.

Протестите против европската Суперлига?

„На протестите пред „Стенфорд Бриџ“, имаше 40 навивачи на Челси. Можам да ви кажам и кој ги донесе таму, доколку ве интересира тоа. Ги донесе оној кој на играчите на Кадиз, синоќа, против Реал, им облече маици на кои пишуваше дека фудбалот се игра за навивачите“.

Scroll to Top