Иван Перишиќ е слободен играч откако го напушти Хајдук. Тој интензивно бара клуб каде ќе ја продолжи кариерата, а досега најчесто се споменуваше во контекст на преселба во некој од италијанските тимови. Неговото име на тој начин се поврзуваше со Монца, Комо и Фиорентина.
Новинарот Фабрицио Романо има поинакви информации, тој тврди дека Перишиќ е во преговори со ПСВ, актуелниот шампион, моментално водечки и непоразен клуб во холандскиот шампионат оваа сезона.
Перишиќ минатата сезона на спектакуларен начин беше пречекан во Сплит. Тој пристигна повреден, но навивачите се надеваа дека тој може да придонесе за тимот кога ќе закрепне. Неговите настапи не беа на високо ниво. Одигра 12 натпревари и постигна само еден гол. По конфликтот со тренерот Џенаро Гатузо, тој го раскина договорот.
Перишиќ кој во кариерата има одиграно 134 натпревари за Хрватска, настапуваше за гиганти како Борусија Дортмунд, Интер, Баерн и Тотенхем и освои титули во италијанското и германското првенство, како и во Лигата на шампионите.