Хрватскиот репрезентативец Иван Перишиќ и кариерата ќе ја продолжи во ПСВ од Ајндховен.
Како што беше најавено, откако ја заврши кратката епизода во Хајдук од Сплит, Перишиќ како слободен ихрач имаше понуди од Комо и Монца, но на крајот тој го избра ПСВ Ајндховен.
Извесно е дека клучно за неговата одлука беше фактот што ПСВ се натпреварува во Лигата на шампионите, и дека без сомнение е фаворит број еден за титулата во Ередивизија.
Перишиќ зад себе има богато искуство, пред Хајдук играше за Тотенхем, Интер, Баерн Минхен, Волфсбург, Борусија Дортмунд и на почетокот на кариерата за Сошо и Клуб Бриж.