Top Sport

По 10 натпревари без победа, Вердер го отпушти Нури

Вердер Бремен го отпушти тренерот Александер Нури, откако славниот тим не успеа да оствари ниту една победа во првите 10 кола од Бундеслигата.

Нури, кој беше на чело на тимот 13 месеци, е сменет со младинскиот тренер на тимот, 35-годишниот Флоријан Колфелт.

„Алекс имаше тешка задача минатата сезона и успеа да ја исполни и да не задржи во Бундеслигата. За тоа му благодариме и веруваме дека тој има потребни квалитети да биде успешен тренер“, изјави директорот на клубот, Франк Бауман.

Вердер има само пет поени оваа сезона, а по 3:0 поразот од Аугзбург, клубот е на претпоследното место на табелата само пред Келн. Покрај тоа, „зелените“ имаат гол разлика од 3:12.. Последната бундеслигашка победа Вердер ја имаше на 29 април, во 30. коло од минатата сезона.

Нури е третиот тренер во Бундеслигата кој добива отказ оваа сезона, откако Андриес Јонкер беше избркан од Волфсбург, а Карло Анчелоти беше сменет со Јуп Хајнкес во Баерн Минхен.

Scroll to Top