Top Sport

Перишиќ ќе оди во Тотенхем?

Иван Перишиќ во летниот преоден рок би можел да се пресели во Тотенхем, пишуват италијанските медиуми.

Оваа информација претставува изненадување бидејчи пред десет дена хрватскиот репрезентативец го договараше својот трансфер во Арсенал. Тој наводно ги договорил личните услови, меѓутоа клубовите не најдоа „заеднички јазик“, Интер сакаше да го продаде фудбалерот, додека Арсенал ја посакуваше опцијата позајмица со право на откуп.

Арсенал не се откажале од 29-годишниот фудбалер, меѓутоа според „Тутоспорт“ неговата форма ја следеле и во Тотенхем.

Според шпекулациите, Тотенхем имале желба да го донесат Перишиќ на 31 јануари, значи во самиот финиш на зимскиот преоден рок. Наводно Перишиќ покажал желба да се пресели во Тотенхем.

Нема информации колкава сума за Перишиќ понудиле челниците на Тотенхем.

Scroll to Top