Иван Перишиќ до крајот на преодниот рок би можел да се пресели во Тотенхем. Хрватскиот репрезентативец не успеа да му се наметне на Антонио Конте и реално е да го напушти Интер.
Наводно, Тотенхем веќе ги започнале преговорите со Интер. За својот фудбалер Интер бараат 11 милиони фунти. Доколку дојде до договор, Перишиќ, во Тотенхем би имал неделна плата од 70.000 фунти.
Интер веќе ја имаат означено замената за Перишиќ, тоа е левиот бек на Челси, Емерсон Палмиери.