Top Sport

Перишиќ со два гола во продолженијата донесе трофеј од Копа Италија за Интер

Интер е новиот шампион од Копа Италија, откако по 120 минути на „Олимпико“ во Рим победи со 4:2 со два гола од пенал, во меч кој сигурно ќе предизвика многу дискусија во италијанските медиуми во следните недели.

„Нераѕурите“ стигнаа до водство уште во седмата минута со фантастичниот удар од далечина на Николо Барела, резултат со кој се отиде на полувреме. Јувентус се врати во игра во фуриозни две минути на почетокот на второто полувреме – Алекс Сандро во 50. минута израмни на 1:1, за веднаш потоа во 52. минута, Душан Влаховиќ да го донесе актуелниот шампион во купот во водство. Сепак, Интер успеа да израмни во 80. минута, кога Лаутаро Мартинез беше соборен во шестнаесетникот, а Хакан Чалханоглу израмни на 2:2.

Во продолженијата, во 98. минута беше досуден уште еден пенал за Интер, кој сигурно го реализираше Иван Перишиќ, за во 102. минута да стави точка на победата на „нераѕурите“ со прекрасен гол.

Scroll to Top