Хрватска немаше најдобро гостување на „Хард рок“ стадионот во Мајами, губејќи со 2:0 од Перу во првиот пријателски меч во 2018 година.
Во 12. минута по грешка на хрватската одбрана, Карилјо од работ на шестнаесетникот го измами голманот Субашиќ. Конечниот резултат беше поставен во 49. минута, кога Фарфан упати силен удар, а одбиената топка ја зафаќа Флорес за победа на Јужноамериканците. Хрватска следниот меч го игра со Мексико.
Мексико, пак, стигна до убедлива 3:0 победа над Исланд во пријателски меч на „Ливајс стадионот“ во Санта Клара, Калифорнија.
Марко Фабијан постигна гол од слободен удар од 25 метри пред полувремето, Мигуел Лајун го удвои водството по 64. минути игра, и на крајот го постави конечниот резултат во судиското продолжение со спектакуларен гол од 40-тина метри.
Фото: ЕПА