Фудбалската репрезентација на Перу го освои петтото место во јужно-американските квалификации и се избори за бараж натпревар за пласман на Светското првенство во Катар. Претходно место на мундијалот си обезбедија Бразил, Аргентина, Еквадор и Уругвај.
Перу, петтата позиција ја обезбеди со победата над Парагвај од 2:0. Перуанците головите ги постигнаа во првото полувреме преку Лападула во петтата и Јотун во 42.минута.
На останатите натпревари Еквадор и Аргентина одиграа 1:1, Колумбија победи во Венецуела 1:0, Бразил славеа во Боливија со 4:0, а Уругвај со 2:0 победи на гостувањето во Чиле.