Перу пропушти со победа да го стартува своето прво Светско првенство од 1982 година, откако утнаа пенал и низа шанси и беа казнети со 1:0 пораз од смирените и дисциплинираните Данци.
Во мечот во Саранск, во Мордовија, Перу имаше дури осум изгледни шанси од осум различни фудбалери во првото полувреме за мизеријата да се зголеми откако Кристијан Куева од белата точка во 44. минута имаше спектакуларно промашување.
Казната за јужноамериканската селекција дојде во 56. минута, кога Кристијан Ериксен уште еднаш покажа зошто е на мета на многу врвни тимови, правејќи одлична шанса за напаѓачот на Лајпциг, Јусуф Поулсен, кој го совлада голманот Педро Галесе.
Перуанците продолжија да промашуваат добри шанси и по примениот гол, прво Карилјо и Фарфан не успеаја да ја дофатат топката со глава во 69. минута, по што Паоло Гереро, кој доби дозвола за настап во последен момент по позитивниот тест на кокаин, во 79. минута со пета се обиде да го изненади Каспер Шмајхел на голот.
Во 82. минута од мечот Јоргенсен не успеа да стави печат на победата, откако повторно доби одлична топка од Ериксен, но неговиот удар беше блокиран. На другата страна во 84. минута, Карилјо го најде Фарфан, кој од пеналтикот го погоди само Шмајхел во ногата.
Со победата, Данска си ги зголеми шансите за пласман во втората рунда, бидејќи во групата се со фаворизираните Французи и со тимот на Австралија.
Фото: ЕПА