Top Sport

Перуански голман мајсторски одбрани паненка

Со резултат 2:2 заврши возбудливиот натпревар од перуанското првенство меѓу Кантола и Спортинг Кристал. Три од четирите гола беа постигнати во интервал од три минути.

Фудбалерите на Кантола добија два црвени картони, но сепак останаа непоразени и покрај тоа што Спротинг Кристал добија пенал во 97.минута.

Топката ја зеде Јошимар Јотун, стрелецот на првиот гол. Тој се обиде да постигне гол со со паненка, но голманот на импресивен начин успеа да го одбрани неговиот удар.

 

Scroll to Top