Перуанските навивачи, од кои неверојатни 40.000 пристигнаа на Светското првенство во Русија, каде што нивната репрезентација се квалификуваше првпат по 36 години ја добија „фан наградата“ на ФИФА во Лондон.
Секој меч на „бланкироха“ беше жестоко поддржуван од трибините, но без хулиганство и насилствто, туку со отвореност кон домашните руски навивачи, но и кон другите навивачи на Светското првенство.
Перуанците ги победија јапонските и сенегалските навивачи, кои добија заедничка номинација поради нивната пракса да ги чистат трибините по натпреварите на Мундијалот, и Себастијан Карера, чилеанскиот навивач на второлигашот Пуерто Монт, кој помина 3.000 километри да го гледа својот тим на гостувањето кај Кокимбо, како единствен навивач на Пуерто Монт.
??????
Congratulations, Peru fans ?
Winners of the FIFA Fan Award 2018 ? #TheBest #FIFAFootballAwards pic.twitter.com/HS0m6lcJzf— #TheBest (@FIFAcom) September 24, 2018